Милан Петковски
Почитувани колеги и пријатели,

Македонското здружение за заштита при работа има чест и задоволство да Ве покани заеднички да учествуваме на еден од најважните настани во нашата област -  XIX Светски конгрес за безбедност и здравје при работа.

По одржувањето на Меѓународната конференција за системи за управување со БЗР, што се одржа во Струга на 8-9 февруари, 2011, како МЗЗПР продолжуваме активно да бараме можности за црпење на меѓународни искуства, а се со цел унапредување на БЗР во Македонија. Затоа, со огромно задоволство Ве известуваме дека XIX Светски конгрес за БЗР ќе се одржи во Истанбул, Турција од 11-15 септември 2011. Освен што претставува најзначаен настан и собир на ЗПР екперти, организации, влади и професионалци кој се одржува еднаш на три години, голема придобивка за нас претставува фактот што за прв пат Светскиот Конгрес се случува толку близу до нас. Затоа, Ви нудиме исклучителна можност, за организирано учество на сите заинтересирани од Македонија на овој настан, според Програмата за посета на Светскиот Конгрес, подготвена од МЗЗПР.   

На оваа веб страница ќе ги најдете сите потребни информации за самиот XIX Светски конгрес, кои се превземени од нивниот официјален веб портал како и за Програмата за посета која Ви ја нуди МЗЗПР.

За крај, навистина очекуваме дека понудените содржини ќе пројават интерес за учество кај Вас, и заеднички ќе го посетиме Истанбул и XIX Светски конгрес за БЗР.

Милан Петковски
Претседател на МЗЗПР