Покана - Министерство за труд и социјална политика, Турција


Ömer Dinçer
Во име на Министерството а во соработка со Меѓународната организација на трудот и Меѓународната асоцијација за социјална заштита, ми претставува огромно задоволство за Ве поканам на XIX Светски конгрес кој ќе се одржи од 11 до 15 септември, 2011 во Истанбул, главен центар за култура во 2010 и колевка на цивилизациите со векови.

Да се работи во здрава и безбедна средина е најважно човеково право на сите вработени лица низ светот. Имајќи го ова во предвид, Светскиот конгрес придонесува кон споделување на добрите практики во полето на заштитата при работа низ земјите во развој, земји кои поминуваат низ транзиција и развиените земји.

На самиот Светски конгрес, уште еднаш ќе биде потенцирано дека заштитата при работа е од најголемо значење и за работниците и за државите поради економските промени кои го зафатија светот во последните години.

XIX Светски конгрес се фокусира на четири главни теми под мотото „Градење на Глобална превентивна култура за здрава и безбедна индина„.

  1. Сеопфатни, проактивни и превентивни пристапи кон безбедноста и здравјето при работа
  2. Системски пристап кон заштитата при работа
  3. Социјален диајлог, партнерства и иновации во заштитата при работа
  4. Нови предизвици во променливиот работен свет и глобалната економија

Во состав на Конгресот се одржува и ЗПР саем, кој ќе им овозможи на учесниците да се запознаат со најновите ЗПР технологии.

Министерството за труд и социјална политика ве поканува на еден оргомен, многу посетен и богат со настани Конгрес во Турција во 2011, кој ќе даде можност за размена на информации помеѓу професионалците по заштита при работа, работодавачите и менаџерите, синдикалните претставници, јавната администрација, осигурителните компании, производителите и сите оние кои се заинтересирани да учествуваат во градењето на глобална превентивна култура. Навистина ќе го цениме и Вашето учество на XIX Светски конгрес.

Ќе имате можност да уживате на многу одлични сесии како и можност за истражување на Истанбул, фасцинантен град, изграден на два континента.

Ömer Dinçer
Министер
Министерство за труд и социјална политика, Турција