Покана - Меѓународна организација на трудот


Juan Somavia
Овој XIX Светски конгрес за безбедност и здравје при работа ја истакнува важноста од превенција како камен темелник на ефективните стратегии за безбедна и здрава работна средина и одржлива иднина.

Како што светот се бори со бремето на финансиските и економски кризи, здравите и безбедни работни места мора да бидат во центарот на плановите за заздравување со цел превенирање на намалување на безбедните услови за работа и овозможување на одржлив развој.

Заштитата при работа мора да е на прво место кога зборуваме за човечките права и почит на човечкото достоинство – превентивните стратегии да ги заштитат жените и мажите на работа. За претпријатијата, економиите и државите, зголемувањето на продуктивноста и намалените здравствени трошоци при социјалното осигурување се само дел од придобивките. Безбедните и здрави работни места одат рака под рака и со чиста животна средина.

Се надеваме дека ќе учествувате со Вашето знаење, искуство и пракса на овој Конгрес и заедно ќе го забрзаме процесот кон вистинска глобална превентивна безбедносна култура. Професионалците, работодавачите, работниците, законодавците, државните службеници и сите кои се посветени на промоцијата на безбедноста и здравјето при работа можат да стекнат искуства на овој Конгрес за подобрување на ЗПР системите во нивните земји, кои се базираат на принципот на превенција.

Како што се фокусираме на глобална превентивна безбедносна култура, не смееме да ги игнорираме ЗПР предизвиците кај неформалната економија, што е голем дел од работниот свет во многу земји и каде работниците немаат никаква форма на социјална заштита.

Пристојаната работа за сите, мора да биде безбедна и здрава работа за сите.
Го очекуваме Вашето учество.

Juan Somavia
Генерален директор
Меѓународна канцеларија на трудот
Меѓународна организација на трудот