Програма

Главни теми

I. Детални, проактивни и превентивни пристапи кон Безбедноста и здравјето при работа

Идентификувањето и подобрувањето на проактивните и превентивни мерки, вклучувајќи рани интервенции со цел соочување со ризици во специфични сектори, е есенцијално за детален пристап кон превенција и контрола на несреќите на работното место и болестите поврзани со работата и за овозможување на заштита при работа на вработените. Координација и соработка помеѓу националните овластени лица, лицата одговорни за спроведување на БЗР, организациите на работодавачи и работници, и организациите за социјално осигурување се неопходни за креирање на јавни политики и подобрени напори за здрава и безбедна иднина.

II. Системски пристап кон Безбедноста и здравјето при работа

Фундаменталните столбови на глобална БЗР стратегија вклучуваат градење и одржување на национална превентивна БЗР култура и воведување на системски пристап кон управувањето со БЗР. Клучни елементи на имплементирањето на пристап на системи за управување на национално ниво вклучуваат креирање на национална политика за безбедност и здравје при работа, консолидирање на националниот БЗР систем и дизајн на националната програма за БЗР. На ниво на работно место е од најголема важност да постои мултидисциплинарен пристап кон БЗР и таа да стане интегрален елемент на системот за управување со БЗР на организацијата.

III. Социјален дијалог, партнерства и иновација на безбедноста и здравјето при работа

Новите трендови на глобализација ја зголемуваат потребата за  третирање на безбедноста и здравјето при работа како поделена одговорност на оние кои се во неа вклучени. Преку социјален дијалог, влади, организации на работници и работодавачи, институции за социјално осигурување, здруженија на професионалци и други заинтересирани страни може да се развијат взаемно корисни партнерства за подобрување на безбедноста и здравјето на работните места, како и благосостојбата на работниците, преку намалување на фаталности, несреќи и болести поврзани со работата и промовирање на глобална превентивна култура.

IV. Нови предизвици во променливиот свет на работа и глобална економија

Моменталните глобални предизвици детерминираат нов контекст за извршување на безбедноста и здравјето при работа. Новите превентивни пристапи се потребни за соочување со новите ризици на работните места поврзани со технолошките процеси, промени во шемите за вработување и работните услови, и зголемената ранливост на глобалната работна сила. Применетото истражување, мерењето на прогресот, јазовите, и споделувањето на добрите практики за БЗР, се клучни елементи за развој на нови превентивни стратегии. Дизајнот и развојот на иновативни национални и регионални стратегии и програми е основно за одржливо подобрување на безбедноста и здравјето при работа.


Официјални настани

Церемонии за отварање и затварање

Церемонијата за отварање ќе се одржи во Haliç салата на Haliç конгесниот центар на 11 септември 2011. Ќе започне со говори на високи претставници на коорганизаторите и ќе продолжи со отварање на Меѓународниот фестивал за филм и мултимедија. Веднаш по церемонијата за отварање ќе имате одлична можност за запознавање со ваши колеги на коктелот.

Церемонијата за затварање ќе се случува во Haliç салата на Haliç конгесниот центар на 14 септември 2011. Претставници на високи нивоа ќе говорат за прогресот направен во однос на Сеулската декларација. Церемонијата ќе вклучи и нагласување на главните достигнувања на Светскиот конгрес – особено следење на имплементирањето на Сеулската декларација за безбедност и здравје при работа и усвојување на Истанбулската декларација на министрите за труд која ја поддржува Сеулската декларација за безбедност и здравје при работа. Програмата ќе продолжи со претставување на организаторот на следниот светски конгрес. Настанот ќе заврши со церемонија за доделување на награди за Меѓународниот фестивал за филм и мултимедиа.

Технички посети

Техничките посети вклучени во целосната регистрација ќе им овозможат на учесниците да видат добри практики во различни сектори. Учесниците ќе имаат можност да присуствуваат на една од техничките посети на 14 Септември 2011 (среда), и 15 септември 2011 (четврток).

Посетите вклучуваат:

  1. Турска стаклена индустрија и нејзината најдобра фабрика: “Şişecam Trakya AutoGlass”
  2. Безбедност и здравје во текстилната индустрија: “Cross Textile”
  3. Безбедност и здравје при работа во производство на козметика и средства за хигиена: “EVYAP”
  4. Зближување на континентите:  Проектот “Marmaray”
  5. Комуникациска електроника: “Nortel Netaş”
  6. Безбедност и здравје при работа во големи размери: “RMK Marine Shipyard” (бродоградилиште на морнарицата)
  7. Одржување на безбедноста: “Turkish” Technic

Туристички посети

Како лулка на цивилизации и култури, Анадолија и посебно Истанбул, уникатен град кој се протега на два континенти, Азија и Европа, со историја од преку 2500 години, ќе им понуди на учесниците голема можност да ја доживеат културната, историската и природната убавина на Турција.

Дневните разгледи ќе бидат организирани бесплатно, за историските, туристичките и културните знаменитости на Истанбул. Учесниците ќе можат да изберат посети при веб регистрацијата. Некои од дневните разгледи се наведени подолу

  1. Разглед на Босфор со брод
  2. Разглед на Големата чаршија (Kapalı Çarşı)
  3. Разглед на Топкапи (Topkapı) сарај и Долмабахче (Dolmabahçe) сарај 
  4. Разглед на античкиот полуостров (Ancient Peninsula)
  5. Разглед на Истиклал (İstiklal) улицата и црквите.
  6. Модерен Истанбул и централен Истанбул