МЗЗПР програма

Македонското здружение за заштита при работа, ви нуди можност за организирана посета на Светскиот Конгрес за безбедност и здравје при работа во Истанбул, Турција од 11 до 15 септември, 2011.

Програмата за Конгресот опфаќа:

  • Организиран автобуски превоз Скопје – Истанбул – Скопје
  • Автобуски превоз локално од хотел до Конгрес и обратно, за сите денови на Конгресот
  • 6 ноќевања со појадок во хотел во областа Таксим со три ѕвездички (сместување во еднокреветни соби)
  • Котизација за Конгрес и регистрација за учество на Конгресот
  • Ранче/торба со лого на Конгрес и МЗЗПР
  • Маица и капа со лого на Конгрес и МЗЗПР
  • Карта на Истанбул

Цената на целата програмата за посета на Светскиот Конгрес за БЗР изнесува 40 600 МКД.

Членовите на МЗЗПР, добиваат попуст на оваа понуда, односно, цената за членови на МЗЗПР е 36 900 МКД.

Сите заинтересирани за учество на Конгресот, треба да се пријават и да извршат уплата најдоцна до 04 Јули, 2011.

Бројот на учесници од МЗЗПР е ограничен на 49 лица и затоа неможеме да Ви гарантираме место во групата за организирана посета, по овој датум (04 јули 2011) односно, огласот за пријавување ќе важи до пополнување на предвидениот број на лица за групата.

Пријавувањето се врши на следната е-пошта адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . При пријавување, потребно е да доставите копија од патна исправа.

Уплатата се врши на следнава жиро сметка на МЗЗПР:

Македонско здружение за заштита при работа
НЛБ Тутунска банка, Скопје
Ж-ска: 210040707390129
Дел на дознака: За Конгрес, Турција

Прилог уплатници (ПП10/ПП30)