Општи информации

Истанбул

01_instanbulИстанбул е најголемиот град во Турција и четвртиот најголем град во светот со население од 12,6 милиони жители. Се наоѓа на Босфор и го опфаќа природното пристаниште познато како “Златниот рог”, на северозапад на земјата. Се протега на Европската (Тракија) и Азиската (Анадолија) страна на Босфор и поради тоа е единствена светска метропола која се протега на територијата на два континента. Некогаш  главниот град на Отоманската империја, останува комерцијален, историски и културен пулс на Турција, и неговата убавина лежи во способноста да ги прифати и искористи своите противречности. Антички и модерен, религиозен и световен, Азија и Европа, мистичен и земски, се тоа коегзистира во него. Неговата различност е една од неговите најзначајни атракции: древните џамии, палати, музеи и чаршии ја рефлектираат неговата разновидна историја.

Место на одржување

Конгресниот центар “Haliç” во срцето на Истанбуловиот Златен рог, овозможува единствен поглед на Истанбул и е обновен во неговата оригинална состојба од времето на Отоманската Империја. Повеќенаменскиот објект  од  157,000 m², може лесно да им излезе во пресрет на барањата за големи и важни настани. Достапен е за воздушен, морски и копнен транспорт, бидејќи има хелиодром ,1 km долго пристаниште, паркинг за автомобили. Постојат и голем број на хотели во “Taksim”, “Eminönü”, “Aksaray” и околу аеродромот, што го прави ова место погодно за учесниците.


Конгресен центар “Haliç”

Кликнете за поголема мапа: XIX СВЕТСКИ КОНГРЕС ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА