Саем

ЗПР саемот ќе биде отворен за време на Светскиот Конгрес за безбедност и здравје при работа и се стреми кон многу актуелни теми кои ќе бидат презентирани од предавачите, специјализирани за ЗПР секторот. Теми кои се поврзани со создавање на удобна работна средина а кои доведуваат до зголемена ефикасност на вработените ќе бидат презентирани и дискутирани. Локални и меѓународни компании специјализирани во лична заштита опрема, работна гардероба, патна и сообраќајна безбедност, против пожарна заштита, мерна опрема и технологии, индустриска хигиена, прва помош, товарење и истоварање како и медиуми, ќе бидат присутни на саемот. ЗПР учесниците ќе имаат можност да ги претстават своите производи и услуги на потенцијалните купувачи.

ЗПР саемот ќе даде простор за размена на информации помеѓу приватниот и јавниот сектор, претставниците на работодавачи и работници, професионалци и експерти по безбедност и здравје при работа од целиот свет чија специјалност е токму овој сектор. Воедно ова е добра можност за запознавање со еден од најпознатите градови и културни центри во светот, Истанбул.

Ја користиме оваа прилика, да Ве поканиме на ЗПР саемот во Истанбул.