Историјат

Светскиот конгрес се организира на три година, почнувајќи од 1955, а 19 Светски конгрес се организира во Турција во 2011. Првиот Светски конгрес беше организиран во Рим, а последниот беше 18 Светски конгрес во Сеул, Кореа во 2008 година. Во табелата што следи, се дава преглед на последните шест Конгреси, место на оддржување, организатор и учесници.

Година 1993 1996 1999 2002 2005 2008
Место Њу Делхи,
Индија
Мадрид,
Шпанија
Сан Паоло,
Бразил
Виена,
Австрија
Орландо,
САД
Сеул,
Јужна Кореа
Организатор Индиска асоцијација
за безбедност
Сектор за Труд &
Социјална безбедност
Бразилски CIS центар (Fundacentro) AUVA NSC KOSHA
Период 04 - 08 април 22-26  април 12-16  април 26-31 мај 18-22 септември 29 јуни – 02 јули
Учесници 1,080 учесници
од 50 земји
2,200 учесници
од 105 земји
2,000 учесници
од 73 земји
2,400 учесници
од 77 земји
3,000 учесници
од 111 земји
4,550 учесници
од 121 земји

 

Цел и целни групи

Цел на Светскиот конгрес е размена на нови информации за заштита при работа помеѓу засегнатите страни со цел воведување на превентивна култура насекаде низ светот.

На сите кои ќе учествуваат на Светскиот конгрес ќе им се претстават начините на зајакнување на односите помеѓу владите, работодавачите, невладините организации, претставниците на вработените, работниците и нивните организации како и професионалците за безбедност и здравје при работа со цел елиминирање на повредите при работа и професионалните болести низ целиот свет.

Се очекува и лицата кои работат на полето на заштита при работа да се здобијат со информации за практични искуства кои ќе можат да ги прилагодат и применат во својата работа.

Целни групи

Светскиот Конгрес за безбедност и здравје при работа е наменет за лица кои директно или индиректно се занимаваат со заштитата при работа:

  • ЗПР инжинери и техничари, научници, лекари,
  • Високи владини претставници, донесувачи на одлуки, највисоко раководство од компании, маркетинг директори, лекари по медицина на трудот и сите кои работат на полето на заштитата при работа,
  • Трудови инспектори, технички инспектори, 
  • Обучувачи, предавачи и лица поврзани со обука и образование, 
  • Работници и нивните претставници, 
  • Работодавачи и нивните претставници, 
  • Донесувачи на одлуки во јавен сектор и социјална заштита, 
  • Јавни и приватни институции, 
  • Меѓународни и регионални институции, 
  • Производители и увозници, 
  • Експерти по комуникација и односи со јавност,
  • Претставници од медиумите и новинари